Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 24 нови пациенти поради компликации од коронавирусот
Вкупната бројка на пациенти позитивни и сомнителни на коронавирусот што се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1 068 и има околу 745 празни болнички кревети во ковид-центрите.
Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 24 нови пациенти поради компликации од коронавирусот.
Вкупно 446 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
- Во последното деноноќие, на интерните и хируршки клиники имало 5 приеми.
- Во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ се примени 22пациенти.
- Шест биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден.
- Во Козле не биле примени болни, а на Клиниката за детски болести имало два приеми. На Институтот за физикална медицина исто така нема нови пациенти.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 38 оздравени пациенти.
Во изминатите 24 часа, во ковид-центрите во болниците низ внатрешноста на земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 622 пациенти позитивни и сомнителни на коронавирусот.
- Во болницата во Битола се хоспитализирани 79 пациенти позитивни и сомнителни на ковид-19.
- Во болницата во Штип се хоспитализирани 62 пациенти.
- На инфективното одделение во Тетово има 25 пациенти.
- Во Велес се лекуваат 73 болни.
- Во Куманово 77 пациенти позитивни и сомнителни на ковид-19 се во болница.
- Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 70 пациенти.
- Во Прилеп 51.
- Во ковид-центарот во Гостивар 17.
- Во Струга 18 болни се на болничко лекување.
- Во болницата во Струмица хоспитализирани се 63 пациенти.
- Во Кочани 27 пациенти се во болница.
- Во Кичево 21.
- Во Кавадарци 32.
- Во Гевгелија 7 лица позитивни и сомнителни на коронавирусот се во болница.