Забраната и посебниот режим на движење да почнува од 23:00 часот до 05:00 часот наредниот ден, а време за работа на угостителските објекти за работа со посетители/гости во отворениот дел од угостителскиот објект (само летни тераси, градини, а не во затворениот дел) да биде до 22:30 часот.
Ова се предлозите што Министерството за здравство ги испратило до главниот координативен штаб, а тие ќе ги предложат до Владата.
Наведените предлог-мерки на Министерството за здравство ќе се разгледуваат на следната владина седница и доколку се усвојат, би биле со важност од 5 мај 2021 година (среда).