Хеликоптер од Армијата кој беше испратен за да се спречи опаноста за селото, денеска не дејствуваше поради многу силниот ветер
Шумски пожар над селото Галичник е ставен под контрола и нема веќе опасност за селото, соопшти вечерва Центарот за управување со кризи.
Хеликоптер од Армијата кој беше испратен за да се спречи опасноста за селото, денеска не дејствуваше поради многу силниот ветер.
Информацијата за пожарот над с. Галичник, во ЦУК е добиена денеска околу 13.30 часот. Шумскиот пожар заради засилениот ветар претставува потенцијална опасност за селото, но истовремено е опасност и за силите ангажирани за гаснење. Пожарот е на непристапен терен и гори борова шума.
Во координација со ЦУК се регионалните центри за управување со кризи РЦУК Охрид, РЦУК Дебар, РЦУК Гостивар и РЦУК Тетово, коишто на локално ниво координирано ги известуваат одговорните институции и претпријатија за гаснење пожари. Општина Маврово-Ростуше испратила, според правилата, официјално барање на време за хеликоптерска помош за гаснење пожар на непристапен терен.