Дарувањето крв може да спаси живот, само со едно ќесе крв може да се подобри здравјето на 3 до 4 пациенти, објави министерот за здравство
Премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче денеска даруваа крв во Службата за трансфузиска медицина во Струмица, по повод 1 Мај – Денот на трудот.
Филипче објави фотографии на својот фб-профил, објаснувајќи како оди постапката за дарување крв.
„Постапката е многу едноставна, а вработените во Трансфузија се љубезни и пријатни при целиот процес на дарување крв. По дадената согласност, следува здравствена проверка, а потоа во пријатна атмосфера, со почитување на сите мерки за заштита од ковид-19, ја завршивме оваа многу лесна постапка. Дарувањето крв може да спаси живот, само со едно ќесе крв може да се подобри здравјето на 3 до 4 пациенти. Бидете хумани, дарувајте крв! Крводарителството е хумана човечка вредност “,
напиша Филипче на Фејсбук.


