Сообраќајот е умерен надвор од градските средини, на границите нема задржувања
Облачно и топло, со слаб ветер од јужен правец, а попладне и во текот на ноќта, претежно во западните делови ќе има и дожд.
Ваква е прогнозата за денешниот првомајски ден од УХМР. Но, сепак, температурите што се најавуваат се речиси летни – од 23 до 31 степен.
Во Скопје и околината ќе биде значително облачно со температура до 28 степени.
За утрешниот ден, Велигден, се најавува задржи натпросечно топло, но на повеќе места со зголемена облачност.
Од вторник од УХМР најавуваат намалување на дневната температура за неколку степени и дожд.
Сообраќајот на патиштата се одвива непречено по суви коловози со умерен интензитет надвор од градските средини. На граничните премини, од македонската страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
