Ова најмногу се случува во групата која е под најголем ризик од сериозни болести, односно постари лица
Многу малку, претежно постари пациенти, завршуваат во болница со ковид-19 или умираат дури и по приемот на првата доза на вакцини од „Фајзер“ или „Астра Зенека“, но тоа не значи дека вакцините не се ефикасни, велат британските научници.
Тие презентираа податоци добиени од истражување на подгрупа хоспитализирани пациенти со ковид-19 во Велика Британија, врз основа на кои заклучија дека има одредено ниво на „неуспех на вакцината“. Ова се случаи кога вакцинираните лица се инфицираат и покрај вакцината, но експертите велат дека тоа „не е неочекувано“.
Ова најмногу се случува во групата која е под најголем ризик од сериозни болести, односно постари лица.
„Имунолошкиот систем кај овие луѓе се слаб. Не велиме дека вакцината не е ефикасна, туку едноставно не е совршена“,
вели Калум Семпл, професор на Универзитетот во Ливерпул, кој го водел истражувањето.
Најновите податоци покажуваат дека меѓу нешто повеќе од 52 000 хоспитализирани пациенти со ковид-19, 526 биле вакцинирани со првата доза на „Астра Зенека“ или „Фајзер“, најмалку три недели претходно, од кои 113 починале.
Научниците истакнауваат дека „повеќето случаи на инфекција, како и смртни случаи од ковид-19 по вакцинацијата биле меѓу постарите лица“.
Клиничките испитувања покажаа и дека вакцината „Астра Зенека“ е 76 проценти ефикасна, а вакцината на „Фајзер“ повеќе од 90 проценти.
Велика Британија ја има една од најбрзите кампањи за вакцинација против ковид-19 во светот, со досега вакцинирани повеќе од 33,8 милиони луѓе со првата доза, а четвртина од возрасните веќе ги примија обете дози.
На почетокот на овој месец, „Јавно здравје Англија“ објави дека „нивната стратегија за вакцинација до крајот на мат спречила повеќе од 10 000 смртни случаи на луѓе на возраст од 60 години и постари.
Според Питер Инглиш, специјалист за контрола на заразни болести наодите објавени во петокот потврдија дека вакцината не е ефикасна 100 проценти и дека тие се „во согласност со другите податоци што го покажуваат целокупниот позитивен ефект на британската стратегија за вакцинација“.