Тие се меѓу осумте државјани на земји од ЕУ на кои Москва им забрани влез во земјата како одговор на рестриктивните мерки, воведени од Советот на ЕУ против шест руски државјани
Русија забрани влез за осум државјани на земји од ЕУ. Тоа е наведено во соопштението на руското Министерство за надворешни работи како одговор на рестриктивните мерки, воведени од Советот на ЕУ на 2 и 22 март годинава против шест руски државјани.
На црната листа на Русија се наоѓаат:
– Иварс Аболиниш, претседател на Националниот совет на Република Летонија за електронски медиуми;
– Марис Балтниш, директор на Државниот центар за јазици на Република Летонија;
– Жак Мер, член на француската делегација во Парламентарното собрание на Советот на Европа;
– Јорг Раупах, шеф на Обвинителството во Берлин;
– Давид Марија Сасоли, претседател на Европскиот парламент;
– Оса Скот, раководител на Лабораторијата за хемиска, биолошка, радијациска и нуклеарна безбедност, Институт за истражувачка одбрана на Кралството Шведска;
– Илмар Томуск, раководител на Одделот за јазици на Република Естонија;
– Вера Јурова, потпретседателка на Европската комисија за вредности и транспарентност.