Овие два универзитети, кои вклучуваат десет кампуси на Универзитетот во Калифорнија и 23 кампуси на Калифорнискиот државен универзитет, се најголемите системи во високото образование на САД и вклучуваат 280 000 и 485 000 студенти
Два големи универзитетски системи во американската сојузна држава Калифорнија, Универзитетот Калифорнија и Калифорнискиот државен универзитет, кои се едни од најголемите во САД, соопштија дека имаат намера да бараат задолжителна вакцинација за сите студенти, наставници и вработените на почетокот на учебната година наесен.
Овие два универзитети, кои вклучуваат десет кампуси на Универзитетот во Калифорнија и 23 кампуси на Калифорнискиот државен универзитет, се најголемите системи во високото образование на САД и вклучуваат 280 000 и 485 000 студенти.
„Овие два универзитети заедно имаат повеќе од милион студенти и вработени во 33 универзитетски кампуси, така што ова е најсеопфатниот универзитетски план за вакцинација против ковид-19 во земјата“,
изјави ректорот на универзитетот ЦСУ, Џозеф Кастро.
И неколку други американски колеџи, исто така, најавија дека ќе побараат задолжителна вакцинација.
Универзитетот Стенфорд, исто така, во четвртокот објави дека вакцините ќе бидат задолжителни за неговите 19 000 студенти наесен кога започнува наставата.
Студентите на кои им е дозволено ослободување од вакцинација од здравствени или религиозни причини, ќе мора редовно да се тестираат за ковид-19.
Во САД вакцинацијата се спроведува со „Фајзер“ и „Модерна“, кои се одобрени од Администрацијата за храна и лекови, а здравствените власти очекуваат дека барем една од тие вакцини ќе добие целосно официјално одобрување до есента.
Вакцинацијата со „Џонсон и Џонсон“ е прекината поради загриженост по случаите со згрутчување на крвта по вакцинирањето.