Лажните вакцини беа нудени за продажба на социјалните мрежи за 2 500 американски долари по доза
Приближно 80 лица на клиника во Мексико добиле лажна верзија на лекот што не е опасна по здравјето, но не обезбедува заштита од коронавирус
Американската фармацевтска компанија „Фајзер“ објави дека пронашла лажни верзии на својата вакцина против ковид-19 во Мексико и Полска. Лажните вакцини беа нудени за продажба на социјалните мрежи за 2 500 американски долари по доза.
Властите во двете земји ги запленија дозите и со тестирање потврдиле дека се лажни. Вакцината пронајдена во Мексико имала лажни налепници, додека дозите од Полска содржеле средство против брчки наместо вакцина.
Приближно 80 лица на клиника во Мексико добиле лажна верзија на лекот што не е опасна по здравјето, но не обезбедува заштита од коронавирус.

Портпаролот на мексиканската влада за ковид-19 изјави дека полицијата открила лажни вакцини откако на социјалните мрежи се појавила понуда до 2 500 американски долари по доза. Неколку лица се уапсени.
Полските власти соопштија дека пронашле лажни дози во станот на осомничениот човек и дека досега никој не примил лажна вакцина.