Ако се селат моменталните статистики, најмалку 24 000 лица не може да го остварат правото на глас, а од најголемиот дел се од Тирана
Албанија в недела (25 април) ќе гласа на парламентарни избори, но правото на глас нема да го искористат оние кои се позитивни на ковид-19.
Протоколите за гласање денеска ги објави Комитетот за справување со пандемијата и во него посебно се нагласува дека на изборите нема да гласаат заразените лица, кои се во домашна изолација или се лекуваат во болница, а на оние кои имаат симптоми, пак, им се препорачува да останат дома.
„Поконкретно заразените лица со опасниот вирус треба да останат дома но и оние кои имаат симптоми, како треска, отежнато дишење или висока температура. Нема да гласаат ниту лицата кои се хоспитализирани“,
соопшти Комитетот.
Моментално, според официјалната статистика, активни на болеста се 24 888 од нив, а дури 18 195 се во Тирана.
Изборите во пандемија, Албанија ќе ги организира на тој начин што на секој влез на гласачките места ќе има средства за дезинфекција на рацете и секој е должен да носи маски. Гласачките кутии и параваните за гласање ќе бидат поставени на два метра оддалеченост од избирачкиот одбор, а членовите на овие одбори и набљудувачите на денот на изборите мора да достави образец со потпишана изјава дека немаат симптоми и да седат на растојание од најмалку 1,5 метар.