Во вечерашното издание на емисијата „360 степени“:
-Волвото во кое го „уловивме“ Драги Рашковски го поседува фирма на еден од хонорарците чии имиња Владата првично ги криеше; Авторските договори, со месечен хонорар од 30 000 до 50 000 денари, му ги потпишувал лично Рашковски;
-Наводен хрватски експерт што работи на ЕУ-проект во Македонија креира јавно мислење – твитовите со жестока критика до власта завршуваат како вести во дел од порталите; Прашавме во Делегацијата на ЕУ – знаат ли за Лука Андраши (@AndrassyLuka) и имаат ли проект со ознака PS12US92, како што тврди тој/таа;
-Зошто нема суспензија за ДУП-от кај „Холидеј ин“ при важечки заклучок од Советот на Општина Центар и може ли да има;
-Ви се случило ли да бидете казнети за сообраќаен прекршок, а следен чекор да биде – блокирана банкарска сметка, без претходно предупредување? За вакво искуство раскажува Дрилон Исени од Тетово. Проверивме каде е проблемот;
-„Саботажа“.