Се работи за крвавење од капилари, многу ретка болест која води до отекување на ткивата и намалување на крвниот притисок
Белгиската агенција за лекови соопшти дека на европско ниво се истражува уште една нуспојава од вакцината на „Астра Зенека“.
Ова го објави денеска Белгиската агенција за лекови и здравствени производи на својата интернет-страница АФМПС. Според белгиските здравствени власти, Европската агенција за лекови (ЕМА) е запознаена со пет случаи на крвавење од капилари, многу ретка болест која води до отекување на ткивата и намалување на крвниот притисок.
Пет случаи се пријавени до платформата за безбедност на лекови на ЕМА, но засега е нејасно дали станува збор за несакана појава од вакцината на „Астра Зенека“.
Пред неколку дена ЕМА потврди дека појавата на тромбози е ретка, но е можна нуспојава од оваа вакцина и треба да се назначи во упатството.
