Централната банка смета дека трансакциите со крипто-валути се многу ризични
Турската централна банка ја забрани употребата на крипто-валути, како што е биткоинот, за плаќање на стоки и услуги, објавено е денеска во Службениот весник на земјата.
Сѐ повеќе Турци користат крипто-валути за да ги заштитат своите заштеди од зголемената инфлација и падот на турската валута.
Централната банка смета дека трансакцијата со крипто-валути е многу ризична. Една од причините е можноста за незаконска употреба на тие средства поради „анонимни структури“.
„Средствата во крипто-валути не подлежат на никакви механизми за регулирање и надзор на централното регулаторно тело. Нивните пазарни вредности можат да бидат многу променливи“,
соопшти банката.
Одлуката ќе стапи во сила на 30 април.
