Катедралата Нотр Дам во Париз, која беше уништена во пожар пред две години, повторно ќе биде отворена за посетителите во 2024 година. Тоа го вети француската министерка за култура Розелин Бачело. Таа соопшти дека биле собрани 833 милиони евра преку јавна акција, кои се доволно средства за реконструкција на катедралата.
Реконструкцијата на катедралата започна веднаш по опожарувањето, но поради пандемијата со коронавирусот беше прекината.
Пожарот во катедралата Нотр Дам избувна ноќта на 15 април 2019 година. Кулата се урна и голем дел од покривот беше уништен, но пожарникарите успеаја да го зачуваат овој грандиозен средновековен објект, ремек-дело на готската уметност.
