Американскиот колеџ на акушери и гинеколози (ACOG) соопшти дека е најдобро за бремените жени и родилките, кои сакаат да се вакцинираат против ковид-19, тоа да го направат со вакцината на „Фајзер“ или „Модерна“, наместо со вакцината „Џонсон и Џонсон.“ Објавата ги следи упатствата на центрите за контрола и превенција на болести кои препорачуваат прекин на аплицирање на вакцините „Џонсон и Џонсон“ поради можно згрутчување на крвта.
„Во моментов нема јасен профил на жени што би можеле да имаат толку исклучително ретка компликација. Сепак, сѐ додека не бидат појасни работите, важно е да се охрабруваат бремени жени и мајки, кои сакаат да бидат вакцинирани, да изберат mRNA вакцини на ‘Фајзер’ или ‘Модерна’“,
пишува во соопштението.
Во нивното соопштение се додава дека луѓето што биле вакцинирани со вакцина на „Џонџон и Џонсон“ во претходните три недели треба да побараат медицинска помош во случај да имаат силна главоболка, болки во стомакот, болка во нозете, отежнато дишење.
