Србија надмина 30 отсто вакцинирани полнолетни граѓани со првата доза на вакцина против ковид-19. Како што информираше српската премиерка, Ана Брнабиќ, во земјата за првпат е евидентиран и поголем број на оздравени лица отколку на хоспитализирани со ковид-19.
„Благодарение на вакцините и мерките кои се на сила, се наѕира и стабилизација на состојбата“,
вели Брнабиќ во изјава за РТС.

Според неа, интересот за вакцинирање против ковид-19 во земјата се зголемил откако јавно се вакцинираше и претседателот, Александар Вучиќ.
„Еден ден подоцна откако се вакцинираше претседател имавме рекорден број на вакцинирани граѓани. Бројот беше некаде над 80 илјади вакцинирани во еден ден“,
рече Брнабиќ.
Во однос на вакцинирањето на граѓаните од соседните држави, Брнабиќ вели дека таа акција не е целосно прекината и дека пред два дена биле аплицирани околу 10 илјади дози од „Астра Зенека“ како помош на кантонот Сараево.
„Но, сега ние сме фокусирани повеќе на српските граѓани“,
додава Брнабиќ.
