Најновото убиство се случи во Јужна Каролина, при што поранешен играч на американски фудбал застрела пет лица и се самоуби
Поранешниот играч на американски фудбал, Филип Адамс уби пет лица, вклучувајќи и две деца, а потоа изврши самоубиство, пренесоа американските медиуми.
Триесет и двегодишниот поранешен спортист убиството го извршил во Рок Хил, Јужна Каролина, а жртвите се Роберт Лесли (70) кој бил лекар, неговата сопруга Барбара (69) и нивните внуци, 9-годишната Ада и петгодишниот Ноа, и уште еден 38 -годишен маж.

Според полицијата едно лице го преживеало масовното пукање и се наоѓа во болница со тешки простерлни рани.
Локалниот весник „Хералд“ објави дека Адамс, кој живеел во близина, се самоубил откако полицијата го опколила неговиот дом.

Според агенцијата АП Адамс му бил пациент на д-р Лесли.
Адамс беше активен играч во НФ лигата до 2015 година, и беше дел од клубовите „Њу Ингланд Патриотс“, „Сиетл Сихокс“, „Оукленд Рајдерс“, „Њујорк Џетс, „Атланта Хоукс“.
Веднаш по веста за трагедијата во Јужна Каролина, американскиот претседател Џо Бајден донесе низа мерки за ограничување на поседувањето оружје.
Последниот случај е само еден во низата во последниве неколку месеци, после Џорџија и Колорадо, во кои се убиени 18 лица.
„Насилството со оружје во оваа земја е епидемија и тоа е меѓународен срам“,
изјави Бајден денеска.
Новите мерки тој ги носи со извршна наредба, што значи дека не му треба одобрување од Конгресот.
„Секој, од криминалец до терорист, може да го купи комплет и за само 30 минути да состави оружје. Сакам сето ова да се третираат како огнено оружје“,
рече Бајден.
