Франција од денеска започна со производство на првите дози на вакцини против ковид на „Фајзер/Бионтек“, потврди францускиот производувач „Делфарм“, пренесе Франс прес.
Претседателот Емануел Макрон рече дека ова е добар чекор кон битката против ковид и најави дека се очекува годинава да произвдеат околу 250 милиони дози вакцини, кои ќе бидат наменети и за граѓаните надвор од нивната земја.
Фабриката на „Фајзер“ во Марбург, Германија, во вторникот доставила материјали за производство до „Делфарм“, по што одговорноста за дистрибуција на овие дози ќе му припадне на францускиот производител.
„Вакцините нема да бидат веднаш пуштени во употреба, затоа што ќе треба скоро еден месец за да се одобрат. Потоа, тие нема да бидат специјално посветени за Французите“,
соопшти „Делфарм“.