Приведениот се барал за издржување затворска казна од 17 години за повеќе кривични дела
Македонски државјанин, кој се барал со потерници за издржување вкупна затворска казна од 17 години, вчера е уапсен во Хамбург, Германија.
Како што соопштија од македонското МВР, полициски службеници од Единицата за потраги по лица во Хамбург, во координација со Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР, го лишиле од слобода К.Д.. Тој е осуден за повеќе кривични дела: разбојништво, поголем број тешки кражби, измами и фалсификување на документи и ќе биде спроведен за издржување на затворската казна.