Четириесет и едногодишен маж од Кавадаречко минатата година извршил полов напад врз деца. Како што соопштува Основното јавно обвинителство од Кавадарци, поднесен е обвинителен акт против лицето кое се товари за кривично дело полов напад врз дете кое не наполнило 14 години, според член 188 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик.
„Обвинетиот 41-годишник, на точно неутврдени датуми во 2020 година, во куќа во Росоман, во повеќе наврати извршил полови дејствија врз две деца кои не наполниле 14 години, при што ги сликал со мобилен телефон“,
информираат од Обвинителството.
Надлежниот јавен обвинител до Судот достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице.