Познатиот бугарски новинар Георги Коритаров (61) починал како последица на ковид-19, пренесуваат бугарските медиуми.
Коритаров ѝ беше познат на македонската јавност бидејќи често во неговата емисијата „Слободна зона“ му гостуваа македонски јавни личности, меѓу кои и политичари.
Тој важеше за добар познавач на односите меѓу Бугарија и С Македонија, а активно ги следеше и последните случувања на релација Софија-Скопје.