Бујар Османи, сепак, смета дека има потенцијал за враќање на довербата и на нормалната комуникација меѓу двете земји, затоа што, како што вели, изборите ги киднапираат нормалните политички дебати
Шефот на дипломатијата Бујар Османи денеска оцени дека неколкуте претходни протесни ноти од Бугарија до земјаваа и повикувањето на македонскиот в.д. амбасадор во Софија на разговор ги симнале односите меѓу двете земји на најниско ниво.
„Можам да констатирам дека се можеби на најниската точка во последниот период, но јас мислам дека постои потенцијал за враќање на довербата, за враќање на нормалната комуникација, за враќање на меѓусебната соработка… Само треба да се рационализира таа дебата и тој пристап. Изборите не помагаат обично во рационализација на таа дебата и не само во Бугарија. Така беше и кога ние имавме избори. Така е секогаш, изборите ги киднапираат нормалните политички дебати, но јас сум убеден дека во нашите односи има потенцијал да се врати дебатата на една нормална комуникација и меѓусебно почитување“,
рече Османи.
Се надевам, додаде, и мислам дека е интерес и на Бугарија и на целата ЕУ да се фати јунскиот рок за почнување на преговори, бидејќи после тоа станува се понепредвидлив процесот.
Поврзни вести:
Софија ѝ се налути на Владата во Скопје поради анализи на ИФИМЕС за изборите во Бугарија
МНР упати протестна нота до Бугарија за видеото на Џамбаски: Ќе реагираме и до ЕУ
Захариева му испрати протестна нота на Османи: На „Деве Баир“ била запрена пратка со бугарски книги
Захариева: Неодамнешните постапки од Скопје не нудат причини за оптимизам