По обвинувањата од партнерите во бугарската влада ГЕРБ (Борисов) и ВМРО (Каракачанов) дека опозиционите социјалисти треба да ја понесат одговорноста за предложената корекција на Извештајот за С Македонија поднесен од нивните колеги евросоцијалисти и демократи, бугарските социјалисти вечерва преку писмено соопштенија известија дека нема да гласасат за амандманот.
„Делегацијата на бугарските социјалисти во Европскиот парламент нема да ги поддржи предложените измени зошто тие не го изразуваат во целост историскиот и политичкиот контекст на Балканот. Но, ние категорично се противиме на обидите за приватизација на бугарските национални интереси и создавањето монопол врз патриотската кауза. Особено од политичка сила (ВМРО на Каракачанов н.з) која го урива авторитетот на Бугарија во ЕУ само заради сопствено политичко преживување. Во однос на загриженоста на таканаречените „патриоти“ за можните постизборни коалиции, Бугарија нема да биде продадена“,
пишува во соопштението од Делегацијата на бугарските социјалисти во ЕП.
Тие во своето соопштение отворено се конфронтираат со ставовите на Каракачанов, обвинувајќи го дека со објавувањето карти и со неговите непримерни изјави во целост ја нарушува позицијата на Бугарија во Европа. Така, според нив, Бугарија не добива поддршка, туку нови резолуции.
„Предложениот амандман во Извештајот на Европскиот парламент за Република Северна Македонија е токму во таа насока. Внесената измена со која ‘се осудуваат неодамнешните провокативни изјави на членови на бугарската влада во однос на историските прашање кои ја засегаат Северна Македонија и се противречни со духот на Договорот за добрососедски односи со Бугарија. Се повикуваат бугарските власти да се воздржат од слични изјави, со оглед на предизборната кампања во Бугарија која е во тек’, јасно покажува дека за Европа е неприфатливо однесувањето на Каракачанов. Со тоа, тој а не некој друг ја става Бугарија во негативен контекст во низата текстови на резолуции кои што ги носи ЕП“,
нагласуваат бугарските социјалисти.