За едно деноноќие во ковид-центри во Скопје се хоспитализирани 70 пациенти со компликации од ковид-19. Како што информира Министерството за здравство, вкупно во болничките капацитети низ земјава се лекуваат 1 392 ковид-пациенти. Од нив, на инфективните оддели во главниот град се лекуваат вкупно 569 лица, а низ ковид-центрите во внатрешноста се 823.
„На Интерните и хируршки клиники имало 48 приеми. Во ковид-центарот во ГОБ ‘8 Септември’ имало 3 примени пациенти и 2 биле примени на Инфективната клиника во тек на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 16 нови пациенти и 2 деца се хоспитализирани на Клиниката за Детски болести во Скопје. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 33 оздравени пациенти“,
информираат од Министерството за здравство.
Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците надвор од Скопје е пријавено дека се лекуваат вкупно 823 пациенти позитивни и сомнителни на коронавирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 82 пациенти позитивни и сомнителни на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 65 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 35 пациенти, во Велес се лекуваат 74 болни, а во Куманово 124 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19.
„Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 94 пациенти, во Прилеп 117, во ковид центарот во Гостивар 35, а во Струга 20 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 62 пациенти, во Кочани 15 во Кичево 11, Кавадарци 65, а во Гевгелија 25 лица, позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти“,
велат од Министерството.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и сомнителни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1 392 и има околу 300 празни болнички кревети во ковид-центрите.
„Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла. Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени“,
додаваат од Министерството.