Една седмица пред почетокот на теренското попишување, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ апелира повторно за одложување на статистичката операција, која веќе се спроведува во дијаспората
Одложување на пописот веднаш! Ќе одговарате, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на Фејсбук и апелира повторно да се пролонгира спроведувањето на најголемата статистичка операција, која треба да почне на 1 април во земјава.
Според Мицкоски, државава треба да го следи примерот на земјите од соседството, кои го одложија пописот, иако некои од нив, како Србија, се рекоредери според вакцинираните против-ковид-19.
„Најкриминалната влада на Балканот, а истовремено и најнеспособната да обезбеди имунизација на населението нѐ убедува дека нема одложување на пописот, обезбедени биле најбезбедни протоколи. А во меѓувреме, соседна Србија, која е рекордер во имунизирано население на Балканот, соседна Бугарија, Романија, Косово го одложуваат пописот поради загриженост од енормно ширење на пандемијата“,
коментира Мицкоски.