Европската медицинска агенција (ЕМА) на денешниот состанок заклучи дека вакцината на „Астра Зенека“ е безбедна и нејзините бенефити ги надминуваат можните ризици.
Европскиот медицински регулатор состануваше за ова откако се појавија случаи кои развиле или починале од тромбоза по вакцинирање со оваа вакцина.
Имер Кук, извршната директорка на ЕМА, изјави дека во овој момент регулаторот смета дека бенефитите од вакцината се поголеми од ризиците, но не ја исклучува целосно можноста од поврзаност помеѓу вакцината и случаите на згрутчување на крвта. Анализите ќе продолжат.
Во меѓувреме ќе се препорача на здравствените работници и граѓаните да бидат информирани за овие потенцијални нуспојави и да бидат вклучени предупредувања за вакцината на „АстраЗенека“.
Конечната одлука останува на земјите членки на ЕУ дали ќе продолжат да ја користат вакцината на „АстраЗенека“. Сепак, ЕМА оценува дека со оглед на ризикот од самиот коронавирус, вакцината треба да продолжи да се користи затоа што штити од болеста.
Здравствените работници и институции ќе треба да бидат информирани за сите можни нуспојави од вакцината. ЕМА од своја страна ќе продолжи да ги анализира сите случаи и податоци што ќе бидат пријавени.