Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во изјава за медиумите за законот за јавно обвинителство го коментирајќи го предлогот опозицијата да го избира јавниот обвинител, истакна дека нема никакви предрасуди во однос на тоа, но оти верува дека ниту еден обвинител не би сакал да биде предложен и избран од политичарите.
„Имаме убаво европско решение – Советот на јавни обвинители. Подготвен сум да разговарам за сето она што не ги поминува црвените линии“,
рече Заев.
Тој рече дека е подготвен да разговара со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за да се изнајде решение за Законот за јавното обвинителство и повика на одговорност од сите политички субјекти.

„Се работи за системско решение кое се носи со двотретинско мнозинство и треба сите да понесеме одговорност и да преземеме чекори за да го донесеме овој закон. Ако не пред изборите, ќе треба да го донесеме по изборите. Како и да одат состојбите на изборите, треба да го донесеме. Тоа е наша заедничка обврска бидејќи е двотретински закон. Тоа може да го направиме сега додека работи парламентот за да им дадеме аргумент плус на еврокомесарот и на земјите членки на ЕУ и да можеме да осигураме одлуката на Европскиот совет конечно да биде позитивна, иако тоа не е услов, не е дел од извештајот за нашата земја, но ќе биде аргумент повеќе“,
изјави Заев.
Тој нагласи дека овој закон е еден од последните структурни закони во делот на реформите во правосудството и додаде дека е подготвен да разговара со сите политички субјекти.
„За сето она што може да дојде како сугестија од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и од албанските политички партии, со која ќе се подобри законското решение, но ќе биде во рамки на црвените линии на Европската унија, можеме да најдеме решение“,
рече Заев.
Од опозицијата, пак, досега јавно дадоа една забелешка, иако во јавноста излегоа се раширија и информации дека ВМРО-ДПМНЕ има забелешки и околу начинот на избор и разрешување на републичкиот обвинител. Првичните забелешки вчера ги даде пратеникот Антонијо Милошоски, кој е дел од преговарачкиот тим на ВМРО-ДПМНЕ, кој во изјава за медиумите ден забележа дека од она што тој можел да го види во преодните и завршни одредби на владиниот предлог, повторно се остава простор за тимот на СЈО да биде „вдомен“, на некој начин, во тимот на обвинителката Вилма Русковска.
Што предвидува нацрт-законот за тимот на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција со кое раководи Русковска, како и за изборот и разрешувањето на републичкиот обвинител прочитајте во анализата на предложениот законски текст која „360 степени“ ја објави вчера: Обвинителите од СЈО ќе бидат горка тема во разговорите за законот за ЈО.
*Поврзани вести:
Спасовски: Носењето на закон за ЈО ќе биде добра порака дека имаме сериозен напредок