Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ќе започне кампања „Мицкоски со граѓаните“ , каде во овој период ќе ги посети градовите, ќе разговара со граѓаните, еснафот, бизнисмените, земјоделците, најави денеска генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев.

„Ќе се погледнеме очи во очи со граѓаните, и ќе им се каже дека Македонија има и шанса и надеж и дека обновата доаѓа“,
рече Јанушев.
Тој најави уште неколку акции кои опозицијата ќе ги започне од понеделник, на нешто помалку од три месеци од одржувањето на парламентарните избори.
Од понеделник, рече, ќе стартуваат со кампања „Обновата ПРЕД ВАШИОТ ДОМ“ во која тимови на ВМРО-ДПМНЕ ќе одат во посета на градови, села, домови, а од наредниот викенд во кампања на терен ќе тргнат и тимови од Извршниот комитет на партијата.