Тој на Фејсбук објави листа од „Блумберг“ според која нашата земја според вакцинацијата е на 118. место од вкупно 122 рангирани земји
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска повторно ја обвини власта за неспособност да набави вакцини, а како поткрепа на својот став објави листа и интерактивна мапа на држави според процентот на вакцинација на „Блумберг“, според која нашата земја се наоѓа на 118. од вкупно 122 земји во светот кои се рангирани.
Неспособноста на Заев и Филипче да набават вакцини руши рекорди. Блумберг направил анализа и интерактивна мапа за…
Posted by Hristijan Mickoski on Monday, March 15, 2021
„Македонија е на 118. место од 122 држави. На дното од дното. 5. место, но одназад. Срамота и гревота! Кога ја читаат анализата низ светот, ќе мислат дека сме држава во Супсахарска Африка, затворени и изолирани од светот, а не држава во срцето на Европа, чиј сосед Србија на истата таа листа е во врвот со 2 милиони вакцинирани и скоро 30 отсто од населението имунизирано. Пред нас се сите. Албанија, Бугарија, Грција, а да не зборуваме и за Хрватска и Словенија“,
напиша Мицкоски на Фејсбук.
Тој за ваквата состојба директно ги обвини премиерот Заев и министерот за здравство Венко Филипче, за кои напиша дека ги носат на совест сите заболени и починати од јануари наваму, најавувајќи одговорност.
