Секретарот за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, во интервју за „360 Степени“, зборуваше за тоа колкави се шансите за договор со СДСМ за законот за јавното обвинителство.

„Реформа на правосудниот систем, каде и овој закон е многу битен, е од значење за земјите членки на ЕУ и треба да направиме се што можеме да го решиме. Јас сум убеден дека веќе следната недела можеме да имаме решение по тоа прашње, доколку се одлучиме дека сакаме закон којшто е насочен, не кон поединци, туку кон подобрување на состојбите во правосудството. Ако има желба и интерес од другата страна, којашто морам да кажам, не сум ја гледал до сега“, вели Муцунски.
Сепак, тој вели дека има постојана комуникација меѓу партиите.
„Вчера ја добивме верзијата на законот којашто се смета за последна од другата страна и сме во процес на консултација“,
вели Муцунски.
Запрашан за проценка за можност за постигнување договор за законот, Муцунски вели дека е 100 проценти убеден дека може да се донесе закон доколку има согласнст за почитување на Уставот, законите и меѓународните стандарди.