38-годишната кавадарчанка која беше најтешко повредена во сообраќајната несреќа што утрово се случи на автопатот Велес-Скопје, попладнево почина на клиниката КАРИЛ во Скопје.
Лекарите на клиниката неколку часа ја држеле под надзор поради сериозните повреди на главата, но не успеале да ја спасат. Таа на клиниката во Скопје била донесена во кома.
Починатата заедно со сопругот и 10-годишната внука кои се повредени и се наоѓаат во велешката болница патувале со возилото кое било трето во верижниот судар на автопатот. Нивното возило удрило во камион кој застанал за да го избегне извртениот автомобил на автопатот.
Во денешната несреќа во која учествувале шест возила. Покрај сопругот и вниката на починатата уште двајца се пријавиле во велешката болница каде се задржани на лекување.
Се уште се утврдува причината за несреќата, а засега единствено е познато дека патот бил подмрзнат и видливоста била намалена.