Сообраќајна несреќа со шест возила кај местото Кула утрово го затвори сообраќајот на автопатот Велес – Скопје.
Во сообраќајката има и повредени лица. Според неофицијални информации, со повреди завршиле шестмина од кои едно лице е со посериозни и е испратено на скопските клиники.
Од Ургентниот центар велат дека жената е во многу тешка состоба, со скршеници на главата и крварење и е донесена на Клиниката за трауматологија во Скопје каде е примена во кома. Направено и е компјутерско снимање и се преземаат мерки за санирање на нејзината состојба.
Останатите петмина се пренесени во болницата во Велес.
Засега нема информации кои се причините за сообраќајната несреќа, а увидот на самото место е во тек. Првично е дека сообраќајката е предизвикана кога автомобил директно удрил во камион.
АМСМ во вонреден извештај информираше дека автопатот е затворен откако е пријавена сообраќајката која се случила околу 8 часот.