Полицијата и инспекторите, при синоќешната контрола, затекнале 11 гости во овој локал
Затворена е чајџилница во Гостивар поради тоа што работела и по дозволеното време, наспроти протоколите за заштита од ковид-19.
Полициски службеници , синоќа во 22:50 часот, при извршена контрола на угостителски објект- чајџилница на ул.„18 Ноември“ во Гостивар, сопственост на М.И.(45) , констатирале дека се постапува спротивно на законски пропишаното работно време за време на епидемија, при што во објектот имало 11 гости.
Како што информираат од МВР, Државен пазарен инспекторат го затворил локалот, а сопственикот М.И. е лишен од слобода и задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.