Состаноците на „Зум“ станаа дел од секојдневниот живот на милиони луѓе
Компанијата „Зум“, која ја поседува платформата за видеоконференции, предвидува дека ќе продолжи со одлични резултати и оваа година, и покрај подобрите изгледи во однос на здравствената состојба во светот во споредба со претходната, кога таа стана главна алатка во професионалниот, училишниот и социјалниот живот.
Состаноците на „Зум“ станаа дел од секојдневниот живот на милиони луѓе.

Компанијата предвидува раст на приходите од 42 проценти за оваа година, иако очекувано е дека, како резултат на вакцините против ковид-19, потребата за образование и работа на далечина ќе се намали.
Од февруари 2020 година до јануари 2021 година „Зум“ имал приход од 2,65 милијарди долари или 327 проценти повеќе од претходната година и чиста добивка од 672 милиони долари, во споредба со 25 милиони долари во периодот 2019-2020 година.
„Ние сме почестени од нашата улога како привилегиран партнер и мотор за модерната средина ‘работа од каде било’“,
изјави шефот на компанијата Ерик Хуан.
На крајот на јануари групацијата имаше 467 000 компании клиенти со повеќе од 10 вработени.
Акциите на групацијата вчера по затворањето на берзата скокнаа за скоро девет проценти.