За разлика од Џо Бајден, кој е вакцинираше на 21 декември пред ТВ-камерите, неколку недели пред да дојде на власт, Трамп никогаш јавно не спомена дека е вакциниран
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија се вакцинирале против коронавирус во јануари, додека сè уште биле во Белата куќа, објави агенцијата АФП повикувајќи се на анонимен извор близок до експретседателот, без да даде други детали.
За разлика од Џо Бајден, кој е вакцинираше на 21 декември пред ТВ-камерите, неколку недели пред да дојде на власт, Трамп никогаш јавно не спомена дека е вакциниран.
Во неделата Доналд Трамп, во својот прв говор по напуштањето на Белата куќа, изјави дека сите треба да се вакцинираат.
Неговите изјави се сметаат за особено значајни во целиот процес, затоа што голем број од неговите симпатизери изразуваат големи сомнежи кон вакцината.