Судењето за овој случај го води судијата Осман Шабани, но судијата Огнен Ставрев, кој бил во контакт со лице со ковид, е член на судечкиот совет
Поради изолација на судијата Огнен Ставрев, кој имал контакти со лица позитивни на коронавирус, рочиште за предметот „Титаник“, кое беше закажано за денеска, е одложено за 17 март.
Судењето за овој случај го води судијата Осман Шабани, но Ставрев е член на судечкиот совет.
Обвинението го застапува обвинителката Лиле Стефанова.
На денешното рочиште требаше да се слушнат исказите на неколку сведоци во случајот за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.
Освен поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство, во „Титаник“ се обвинети и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.