Унгарија пред неколку дена стана првата земја-членка на ЕУ која започна имунизација со кинеската вакцина. Земјата, исто така, прва во Унијата ја набави и руската вакцина „Спутник В“
Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, денеска се вакцинираше против коронавирусот со вакцината која ја разви кинеската компанија „Синофарм“.
„Вакциниран“, објави Орбан на својот фејсбук-профил, заедно со фотографии и видео од вакцинирањето.
Унгарија пред неколку дена стана првата земја-членка на ЕУ која започна имунизација со кинеската вакцина. Земјата, исто прва во ЕУ ја набави и руската вакцина „Спутник В“, која, исто како и кинеска, сè уште не е одобрена од Европската агенција за лекови (ЕМА).
Имунизацијата унгарските власти ја започнаа во декември со другите земји членки на Унијата со користење на вакцината на „Фајзер“.
Во едно од своите последни интервјуа, Орбан ги коментираше вакцините и одлуките на неговата влада за набавка, велејќи дека мора да се набават вакцини што е можно побрзо и во што поголеми количини без разлика дали тие доаѓаат од исток или запад.

Во онлајн-интервјуто за германскиот портал „Фокус“, унгарскиот премиер истакна дека нема „источни или западни вакцини, туку само добри или лоши“.
„Објективно гледано, јасно е дека Источна Европа развила култура на вакцинација за време на комунизмот, што доведе до искоренување на вирусот во Источна Европа многу порано отколку во Западна Европа, каде руската вакцина не беше прифатена од идеолошки причини“,
коментираше Орбан откако неговата влада одлучи да ја набави и руската вакцина.