Дел од демонстрантите, кои во моментот се на булеварот пред ТЦ „Мавровка“, предизвикаа тензии и фрлаа предмети кон полицискиот кордон кој не им дозволува да продолжат со маршот кон Основниот суд во Скопје и кон Собранието. Додека едни ја напаѓаат полицијата, други демонстранти ги смируваат учесниците на протестот.
Има и повредени од двете страни, при што интервенираше и Брзата помош.
Тензиите почнаа откако демонстрантите побараа полицијата во рок од 10 минути да ја „ослободи“ улицата. Но, напротив, патот им го попречува огромен полициски кордон составен од припадници на специјалните единици, а на улица има и оклопни возила.