Вишото јавно обвинителство во Крагуевац поднесе барање за поведување подготвителна постапка против малолетникот поради сомнение за кривичните дела обид за убиство и недозволено производство, држење, носење и тргување со оружје и експлозивни материи
Вишиот суд во Крагуевац му одреди притвор до еден месец на 17-годишникот осомничен за пукањето во Техничкото училиште во кое беа повредени две лица. Настанот се случи во вторникот во средното техничко училиште во Крагуевац кога малолетникот влезе со малокалибарска пушка и рани двајца вработени.

Вишото јавно обвинителство во Крагуевац поднесе барање за поведување подготвителна постапка против него поради сомнение за кривичните дела обид за убиство и недозволено производство, држење, носење и тргување со оружје и експлозивни материи. Против оваа одлука тој може да се поднесе жалба до малолетничкиот совет на Вишиот суд во Крагуевац во рок од три дена од приемот.
Таткото на малолетникот исто така е уапсен, под сомнение дека нелегално поседувал оружје.
Во врска со случајот, Народниот правобранител на Србија покрена постапка за оценување на регуларноста на работата на Центарот за социјална работа во Крагуевац, како и на министерствата за образование и за внатрешни работи. Од Центарот за социјална работа е побарано да достави информации за тоа дали ученикот и неговото семејство се регистрирани во Центарот, како и какви активности се преземени во овој конкретен случј.
Од Министерството за образование е побаран извештај за сите преземени активности за овој настан, а од Министерството за внатрешни работи да достави извештај за постапувањето на полициските службеници.
