По пријавата, бродот бил пренасочен кон Лаврио, каде што вршат проверки пиротехничари од крајбрежната служба на Грција и куче трагач за откривање експлозивни направи, а на пристаништето се упатуваат и екипи на противпожарната служба и на итната медицинска помош

Поради пријава за поставена бомба на траект што од пристаништето Пиреас пловел кон островите Сирос, Тинос и Миконос, бродот бил пренасочен кон другото атинско пристаниште во Лаврио за да се извршат проверки, пишува грчки „Катимерини“.
Како што информираа од крајбрежната служба на Грција, станува збор за траектот „Blue Star Paros“ со 259 патници, 65 членови на екипажот, 29 автомобили, 24 камиони и осум мотори, што сообраќал на редовната бродска линија.
По пријавата, бродот бил пренасочен кон Лаврио каде што проверки вршат пиротехничари од крајбрежната служба на Грција и куче-трагач за откривање експлозивни направи, а на пристаништето се упатуваат и екипи на противпожарната служба и на итната медицинска помош.
Пред нешто повеќе од две седмици имаше лажна пријава за поставена бомба во траектот „Blue Star 1“ со 875 патници и 83 членови на екипажот на атинското пристаниште Пиреас, беа евакуирани сите патници, а по извршените проверки на беше пронајдено ништо сомнително.
