Овој меморандум ќе го замени постојниот, кој е потпишан во далечната 1994 година
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска и помошникот на секретарот за одбрана на САД за меѓународни безбедносни прашања Мара Карлин денеска попладне, истовремено во Скопје и во Вашингтон, ќе го потпишат новиот меморандум за соработка во одбраната меѓу двете држави.
На потпишувањето на меморандумот во Министерството за одбрана ќе присуствува и амбасадорката на САД во Скопје, Кејт Брнз.
„Новиот меморандум за соработка ќе го замени постојниот потпишан во далечната 1994 година и ќе ја отслика новата и исклучително интензивна одбранбена соработка која постои помеѓу двете земји кои остануваат стратегиски партнери, но сега веќе и сојузници во НАТО“,
велат од Министерството за одбрана.