Примерот Зоран Заев изјави дека министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Аријанит Хоџа ќе постапи согласно укажувањата на Државната комисија за спречување на корупција во однос на управувањето со неговата семејна фирма.
„Ние секогаш постапуваме по укажувањата на ДКСК. Ако се сеќавам, после неговото назначување на функцијата министер, сопругата ја има ставено да биде управител на нивната семејна фирма, а според законот тоа не може да биде близок член на семејството, значи мора да стави друг управител. Аријанит Хоџа ме информираше во петокот на пат кон Богданци дека ќе постапи по укажувањето“,
изјави денеска премиерот Заев.
Антикорупциската комисија отвори постапка против Хоџа бидејќи во неговата семејна фирма, по стапувањето на функциите, поставил блиско лице, односно сопругата да управува со компанијата, со што го прекршил законот кој тоа го забранува.
Тој тврдеше дека не сторил ништо спротивно на законите и дека за неговиот личен бизнис одлучувал тој, а не Антикорупциската комисија.