Меѓу земјите кои се најпогодени од вирусот е Белгија, која има најголем број смртни случаи во однос на бројот на населението (189 на 100 000 жители), потоа следува Словенија со 181 жртва на 100 000 жители, па Чешка со 179, Велика Британија со 177 и Италија со 158
Коронавирусот досега однесе повеќе од 2,46 милиони животи ширум светот, а заразата е потврдена кај повеќе од 111 милиони луѓе, според вебсајтот „Ворлдометерс“.
Соединетите американски држави и натаму се на прво место според бројот на потврдени смртни случаи од последици од ковид-19, 497 648, по што следува Бразил со 245 977 смртни случаи и Мексико на трето место со 179 797 потврдени жртви.
Индија е на четвртото место во светот според бројот на починати, од 156 302 на речиси 11 заразени, а Велика Британија е на петтото место со 120 365 смртни случаи од над 4 милиони заразени.
Само во саботата, имало 9 185 нови смртни случаи ширум светот и 402 202 нови потврдени случаи на заразени.
Белгија, Словенија и Чешка се меѓу најлошите
Меѓу земјите кои се најпогодени од вирусот е Белгија, која има најголем број смртни случаи во однос на бројот на населението (189 на 100 000 жители). Потоа следува Словенија со 181 жртва на 100 000 жители, па Чешка со 179, Велика Британија со 177 и Италија со 158.

Европа денеска напладне според статистиката имаше 828 061 смртни случаи и 36 446 781 заразени.
Латинска Америка и Карибите имаат 658 013 смртни случаи (20 686 089 заразени), САД и Канада 519 269 смртни случаи на речиси 29 милиони заразени.
Азија 251 739 смртни случаи од речиси 16 милиони заразени, на Блискиот исток 102 221 смртни случаи на 5 256 858 заразени, Африка со 101 004 смртни случаи од 3 820 523 заразени и Океанија 947 смртни случаи и 31 969 заразени.
Од почетокот на пандемијата, бројот на тестирања нагло се зголеми, а дијагностичките техники се подобрени, со што и бројот на пријавени случаи порасна. Сепак, се смета дека објавените податоци се далеку пониски од реалните, бидејќи тие се базираат само на пријавени податоци.