ПЦР тестови, брзи тестови и карантин од седум (ако тестот е негативен) или 14 дена во случај на позитивен тест
Од Директивата се исклучени граѓаните на 10 земји и тоа: Велика Британија, Сингапур, Австралија, Нов Зеланд, Руанда, Јужна Кореја, Тајланд, Обединетите Арапски Емирати, Руската Федерација и Израел
Грчката управа за цивилно воздухопловство (АЦВ) ги продолжи ограничувањата за меѓународните авиопатници поради ковид-19 до 8 март.
Ограничувањата се однесуваат на патниците во ЕУ и земјите што не се членки на ЕУ. Продолжува условот за негативен ПЦР-тест и брзи тестови и карантин, како и за замрзнување на летовите помеѓу одредени земји и Грција.
Од Директивата за авијација се исклучени граѓаните на 10 земји и тоа: Велика Британија, Сингапур, Австралија, Нов Зеланд, Руанда, Јужна Кореја, Тајланд, Обединетите Арапски Емирати, Руската Федерација и Израел.
Сите патници кои влегуваат во земјата од која било странска земја, вклучително и земјите-членки на Европската унија, подлежат на седумдневен задолжителен безбедносен каратнтин дома или на местото на привремен престој, освен ако не останат во Грција пократок временски период, при што во тој случај привременото ограничување важи за до нивното заминување.
Покрај тоа, меѓународните патници ќе бидат проверени при пристигнувањето, врз основа на постапка утврдена во образецот за локација на патникот. Во случај тестовите да покажат позитивен резултат, карантинот за патникот ќе важи 14 дена.