Прв ден од посетата на шефот на дипломатијата на Обединетите Арапски Емирати
Министерот за надворешни работи Бујар Османи денес во Дубаи оствари средба со државната министерка за меѓународна соработка Реим бинт Ебрахим Ал Хашеми, која е одговорна за меѓународна, развојна и техничка помош и главен управен директор на „ЕКСПО 2020 Дубаи“.
Како што соопшти МНР, централна тема на средбата е учеството на Северна Македонија на „ЕКСПО 2020 Дубаи“, при што беше посетен и павилјонот на замјава на саемот, кој е во финална фаза. Во рамките на разговорот, Османи упати благодарност за помошта на ОАЕ за справување со пандемијата ковид-19, што беше доделена на нашето Министерство за здравство во текот на месец ноември минатата година.
На првиот ден од посетата, Османи имаше средба и со министерот за надворешна трговија, Тани Ахмед Ал Зејуди, со кого разговараше за продлабочување на економската соработка и зголемување на трговската размена.
„Економската соработка останува како главен фокус на нашиот заеднички интерес, така што можеме да истакнеме дека главни области на интерес се трговијата, инвестициите и туризам“,
истакна Османи.
Во рамките на дводневната посета на ОАЕ, утре Османи во Абу Даби ќе се сретне со неговиот колега Шеик Абдула бин Зајед Ал Нахјан, со министерот за толеранција и соживот, Шеик Нахјан Мубарак Ал Нахјан, со државниот министер за економска диверзификација и економска дипломатија, Ахмед Али Ал Сајег како и со извршниот директор на Меѓународниот центар за спротивставување на насилниот екстремизам и радикализам Хедаја, Ахмед Ал Касими.
