Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата се приближува до 100 илјади, а бројката на починати надмина три илјади
Пријавени се вкупно 16 починати лица од ковид-19 во последните 24 часа. Најмногу смртни случаи има во Прилеп, каде што најмладиот од петтемина починати е на возраст од 49 години. Другите пациенти од овој град кои починале од ковид-19 се на возраст од 83, 73 и двајца од 75 години.
Меѓу починатите се тројца пациенти од Охрид (85г, 83г, 77г), двајца 2 од Скопје (78г, 62г) и по еден од Куманово (76г), Крива Паланка (76г), Струга (68г), Гевгелија (75г), Кочани (83г) и Неготино (67г). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.
Во последните 24 часа се направени 2 160 тестирања, а регистрирани се 254 нови случаи на ковид-19 во:
Скопје – 111,
Прилеп – 29,
Кавадарци – 20,
Охрид – 13,
Неготино – 10,
Битола – 9,
Гостивар – 7,
Куманово и Велес – по 6,
Тетово и Гевгелија – по 5,
Штип, Струмица, Струга и Ресен – по 4,
Кочани, Делчево и Виница – по 3,
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 99 285, бројката на оздравени пациенти е 89 400, на починати е 3 063, а бројот на активни случаи изнесува 6 822.
Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 43 342, активни 2 973
Куманово 5 451, активни 213
Тетово 5 343, активни 234
Прилеп 5 111, активни 483
Гостивар 3 730, активни 12
Штип 3 606, активни 98
Битола 3 366, активни 140
Велес 3 355, активни 227
Охрид 3 131, активни 402
Кавадарци 3 110, активни 486
Струмица 2 661, активни 159
Струга 2 355, активни 176
Кочани 1 785, активни 48
Кичево 1 758, активни 61
Гевгелија 1 129, активни 134
Неготино 1 112, активни 132
Свети Николе 1 100, активни 24
Ресен 795, активни 68
Дебар 788, активни 43
Крива Паланка 785, активни 53
Радовиш 743, активни 40
Делчево 723, активни 233
Берово 634, активни 32
Пробиштип 530, активни 23
Виница 511, активни 22
Валандово 351, активни 23
Кратово 266, активни 33
Демир Хисар 258, активни 13
Крушево 253, активни 48
Македонски Брод 251, активни 7
Богданци 246, активни 22
Демир Капија 234, активни 33
Македонска Каменица 193, активни 5
Пехчево 184, активни 3
Дојран 95, активни 9
