Досега за транспорт и складирање на оваа вакцина се бараше меѓу минус 80 и минус 60 степени Целзиусови, но според денешната објава тоа е можно и на температури од минус 25 до минус 15 степени Целзиусови, односно во обични ладилници
Вакцината на „Фајзер/Бионтек“ против ковид – 19, која е најкористената во светот објави нови упатства за нејзни чување и трансорт, кои треба да отстранат еден голем проблем – многу ниската температура на која се зачувува нејзината ефикасност.
Двете компании, „Фајзер“ и „Бионтек“ до американската Агенција за храна и лекови (ФДА) испратија податоци од студијата, во која се наведува дека оваа вакцина сепак не мора да се чува на исклучително ниски температури.
Познато е дека транспортот и складирањето на оваа вакцина против коронавирус на температура меѓу минус 80 и минус 60 степени Целзиусови, претставуваа голем логистички проблем за државите кои ги нарачуваа, бидејќи бара посебна опрема за ладење.
Според денешната објава на „Фајзер“ и „Бионтек“, тоа сепак е непотребно, па нивната вакцина две недели може да се складира и транспортира на температури од минус 25 до минус 15 степени Целзиусови, односно во обични ладилници.