Од опозициската коалиција прашуваат дали посетата на шефот на македонската дипломатија на Србија има врска со „процесот на повлекување на признавањето на Косово“, кој, како што велат, е спонзориран од српскиот претседател
Наместо нашиот министер за надворешни работи да биде ориентиран кон Тирана и Приштина или, пак, кон Софија – за решавање на спорот, ова додворување кон Србија зборува дека или сакаат да го продолжат пријателството на Фатмир Бесими со српските генерали, кои извршиле злосторства во Косово, или се бара помош од Александар Вучиќ за спасување на владата на Зоран Заев!?
Со вакви оценки излезе денеска опозициската колаиција на Алијансата за Албанците и Алтернатива, коментирајќи за вчерашната посета на шефот на македонската дипломатија Бујар Османи на Белград и неговата средба со српскиот претседател.
Од Алијанса/Алтернатива прашуваат дали, можеби, оваа посета има врска со „процесот на повлекување на признавањето на Косово“, кој, како што велат, е спонзориран од Вучиќ?!
„Министерот за надворешни работи на Северна Македонија беше во посета во Белград. Можеби му било мерак или му љубомори на Артан, кој беше на пречекот на Вучиќ во Табановце или има некој друг повод – тоа не знаеме. Но ова ‘љубов’ со Србија станува индикативна. Не поминаа ни неколку дена откако Вучиќ си поигруваше со нашата држава со една кутија вакцини, за министерот за надворешни работи да дотрча повторно кај него. Како и да е, оваа додворување кон Вучиќ, во време кога тој се заканува на Косово, па дури и изразува антиевропски тенденции, бара објаснување од министерот за надворешни работи и од неговиот шеф Заев“,
наведуваат од опозициската коалиција, во реакција до медиумите.
Според Алијанса/Алтернатива, Молчењето, освен што остава простор за сомнежи, води кон заклучок дека „новата Југославијане е идеја без содржина“.
„Тоа е и причина што ние, како албанска коалиција, сакаме да го потсетиме шефот на нашата дипломатија, како и неговите шефови, дека тие може да ги свртат антените кон Белград, но сцените што може даг и видат на тие екрани можеби нема да им се допаднат воопшто“,
се нагласува во соопштението на двете партии.
