Опозициската ВМРО-ДПМНЕ жестоко реагираше на најавите дека познатиот универзитетски професор и некогашен шеф на дипломатијата заминува во Вашингтон
Универзитетскиот професор Љубомир Фрчкоски, некогашен министер за внатрешни, па за надворешни работи во првите влади на СДСМ, е кандидат за амбасадор на земјава во САД.
Соговорници од Владата потврдија за „360 степени“ дека има предлог и дека е почната постапката за испраќање на Фрчкоски во амбасадата во Вашингтон, каде што амбасадорската позиција е празна околу 2,5 години.
„Независен весник“ објави дека е почната процедурата за обезбедување агреман и се чека одговор од САД.
„360 степени“ побара официјална потврда од Владата и од МНР за тоа дали Фрчкоски е потврден како предлог за амбасадор, но досега не добивме одговор.
С Македонија нема амбасадор во САД од октомври 2018 година, кога од мисијата се врати Васко Наумовски.
Кон крајот на 2019 година, Владата се обиде да пополни поголем дел од многуте испразнети амбасадорски места во македонсзките дипломатско-конзуларни претставништва. Но, во тогашните дваесетина предлози за нови амбасадори, во најголем дел дипломати од МНР, немаше предлог за амбасадор во САД.
Фрчкоски, најголемиот дел од својот професионален стаж го помина на Правниот факултет во Скопје. Важи за еден од творците на македонскиот Устав. Беше советник во претседателскиот кабинет, а на претседателските избори во 2009 година, кога сегашниот премиер Зоран Заев беше в.д. претседател на СДСМ, Фрчковски беше канидат на тогашната опозиција за шеф на државата.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ жестоко реагираше на најавите дека Фрчкоски заминува како амбасадор во САД. Опозициската партија, во реакцијата, го нарекува Фрчкоски „соработник на Милошевиќ и шверцер на нафта“.
„Фрчкоски е мизогинист, кој што не го крие тоа. Љубомир Фрчкоски не може да биде лицето кое ќе ја претставува Македонија во
се наведува, меѓу другото, во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Вашингтон. Тој е се само прогресивен елемент не“,