И извршниот директор на американската компанија „Џонсон и Џонсон“изјави дека во следните неколку години луѓето најверојатно ќе треба еднаш годишно да се вакцинираат против ковид-19, како што е вакцината против сезонскиот грип
Британците треба да ја сметаат вакцинацијата против ковид-19 како вакцина против грип, што редовно ќе ја примаат поранливите луѓе, изјави денеска британскиот премиер Борис Џонсон.
„Треба да се подготвиме за свет во кој наесен ќе имаме подобри вакцини против новите мутации. Треба да почнеме да размислуваме за тоа како за вакцина против грип, нешто што секоја година ќе го добиваат постари или ранливи луѓе“,
рече Џонсон на брифинг.
Тој додаде дека е убеден оти вакцините ќе бидат подобри и подобри и ќе дејствуваат врз сите мутации на коронавирусот.
И извршниот директор на американската компанија „Џонсон и Џонсон“, Алек Горски денеска изјави дека во следните неколку години луѓето најверојатно ќе треба еднаш годишно да се вакцинираат против ковид-19, како што е вакцината против сезонскиот грип.
Тој додаде дека, како што се шири ковид-19, така може да мутира.
„Секгаш кога ќе мутира вирусот, можеме да видиме нов вид, уште една мутација што може да влијае врз неговата способност да се одбрани од антителата или да има поинаква реакција не само на терапијата туку и на вакцината“,
посочи Горски.